УЧИТЕЛИТЕ НИЗ ВРЕМЕТО

0
693

Училиштето е огледало на општеството. Наставниците се најважните личности, кои се пример, на кои ќе се угледуваат учениците. Нивното однесување, изгледот и начинот на комуницирање имаат големо влијание врз животот на децата и токму поради тоа, тие треба да се изборат да бидат луѓе вредни за почит во околината. Почитувањето на младите генерации кон постарите е многу важно бидејќи вообичаено тие ги усвојуваат и ги прифаќаат вредностите на повозрасните.
Во реалноста сликата е малку поинаква. Има наставници што внимаваат на облеката во која се појавуваат пред учениците, но има и такви што на работа се појавуваат во искинати фармерки, со маички на прерамки и во патики. Наставнички знаат да се појават на работа во блузи со длабоки деколтеа, многу кратки сукњи, а неретко и со несоодветна шминка и фризура.

Треба да се размисли дали ни се потребни унифицирани правила за облекување на наставници, професори, но и ученици треба да има на ниво на држава. Додека чекаме конкретни одлуки, педагозите сметаат дека и тоа како има потреба од кодекс на облекување и однесување..

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-9 ЈУЛИ
Следната статијаУСПЕШНО ГОСТУВАЊЕ НА АНПИ „ИЛИНДЕН“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука