НА ДЕНЕШЕН ДЕН-9 ЈУЛИ
*9 јули е Меѓународен ден на уништување на оружјето
*9 јули 1904
година загинал Славејко Арсов. Македонски револуционер, учесник во македонското
револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна
организација.
Одејќи за Ресен, близу до с. Горно
Ѓуѓанце(Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од
турски аскер. Цели 6 часа имале тешка и крвава борба. Тој бил тешко ранет и за
да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоубил.

* 9 јули 1942 година е убиен Цветан Димов. Меѓу народот познат
бил како Целе Чаирчанец. Македонски синдикалец, партизан, комунист и учесник во
НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на
работничкото и комунистичкото движење во Скопје. Во почеток на јули, по една
провала е уапсен. По тешки измачувања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат
на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов,
началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа.
Набрзо починал во бессознание во затворското одделение на скопската болница. Бугарската
полиција лажно кажала дека Димов се „самоубил
По Ослободувањето, на 26 јули 1945 година, е прогласен за народен херој на
Југославија од Македонија.

* 9 јули 1913 година загинува еден од
најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на
македонизмот во Костурско Васил Чакаларов.
Македонија има многу голготи кај месноста
“Лакото” на планината Вичо .Лакото ќе остане запаметена не само како
место каде се водени најголемите борбите од Костурските и Леринските чети за
слобода на страдалната Македонија ,туку и место каде загинува еден од
најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на македонизмот во Костурско Васил
Чакаларов кој загинува кај месноста кај месноста “Лакото” помеѓу
селата Бел Камен и Невеска.По неговото убиство од страна на грчките андари на
Чакаларов му ја отсекле главата и ја носеле од град во град дека убиен е за нив
најстрашниот борец за Македонија.На крај отсечената глава на Васил
Чакаларов била однесена во Лерин и претставена на народот со повикот:
“Нема Чакаларов, нема Македонија”. Под притисок на српски офицер,
главата на еден од најголемите македонски легенди на Илинденското востание
Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата “Св,
Пантелејмон” кој ја погребал на гробишта.
*9 јули 1873.- Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.

*9 јули 1934 г.почина Никола Петров Русински, македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО

*9 јули 1934 година во Софија, се самоубива македонскиот револуционер Иван Хаџи Николов. Роден е на 24 декември 1861 година во Кукуш. Основното образование го завршил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил висока трговска академија во Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Солунската бугарска машка гимназија. Во 1893 година отворил книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО на 23 октомври 1893 година и член на ЦК. На 23 јануари 1901 година, по избувнувањето на Солунската афера, бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија).По амнестијата во август 1902 година пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, а во почетокот на 1903 година се преселува во Софија и се занимава со книжарство и издавачка дејност.

*9 јули1944.- Кај селото Татар Елевци, во близина на Дебар, во борба против Германците и балистите загина Панче Поповски, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Гостивар, на 9 март 1924 година.
9 јули 1992.- Во Скопје, умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6 јуни 1898 година.
*9 јули 1997.- Националната валута – денарот девалвира за 16,1 отсто,со оглед на тоа што на тој ден се случија големите демонстрации во Тетово и Гостивар ,девалвацијата во народот не доби голем публицитет.