НА ДЕНЕШЕН ДЕН-15 АПРИЛ

0
127

*15 април е Светски ден на правата на потрошувачите

*15 април 1992.- Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.А,Панче Јамандиев од Велес е првиот регрут што стапил во АРМ ,по тој повод деновиве по повод 25 г. АРМ му беше врачена златна значка на АРМ.

*15 апил 1911 година во Делчево е роден е Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од преставниците на првата генерација современи македонски сликари и основоположници на македонската современа ликовна. Починал 15ти февруари, 1994год.

*15 април 1924 година роден е Методи Митевски-Брицо во Царево Село (денешно Делчево), од татко Зафир и мајка Зуица.Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, прогимназија и гимназија до седми клас во Штип, а осмиот клас и матурата во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Вонредно студирал на Правниот факултет во Скопје и е еден од првите дипломирани правници од Пијанечко-малешевскиот крај. Во Штип, град со богата револуционерна и културно – духовна традиција, Брицо се дружел со Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Фирус Назим, Трајко Донев, Ацо Шопов и други напредни младинци, класно и национално осознаени,  и заедно со нив се приклучува на напредното младинско движење и СКОЈ. Во периодот по ослободувањето Брицо е на партиски и државни раководни функции во Делчево, Берово, Штип и Битола. Со својата трудољубивост, посветеност на обновата и изградбата на татковината, Брицо кај широките народни маси стекнува голема популарност, а меѓу републичките и сојузните раководители висок авторитет. Гради метеорска политичка кариера: биран е за пратеник во Народното собрание на Македонија и во Сојузната скупштина на ФНРЈ, бил министер за земјоделство, генерален секретар на владата, потпретседател на Извршниот комитет на ЦК и на Владата на НРМ. Брицо бил избран за  претседател на Комисијата за изработка на преднацртот на Уставот на НРМ. Во тоа својство кон крајот на летото со другите членови на Уставната комисија интензивно работи на највисокиот државен акт на Македонија во Титовата вила во Охрид. За жал таа задача  ja оставил недовршена. На 17 септември 1962 година, трагично го загубил животот во водите на Охридското езеро, под неразјаснети околности. Веднаш по неговата прерана смрт (имаше само 38 години) и официјалната верзија (се удави во несреќен случај во водите на Охридското езеро), се појавуваат шпекулации и сомненија, кои не се ниту потврдени, ниту демантирани до денешни дни.

*15 април 1931.- Во Ќустендил умре Андон Тошев Стојанов, познат како Дончо Штипјанчето, македонски револуционер, курир на Гоце Делчев и приврзаник на Македонската револуционерна организација. Роден во селото Ерџелија, Штипско, во 1867 година

*15 април 1933г. ,отпочна со работа електричната централа во Скопје.

*15 април 1980.- Во Охрид умре Ванчо Николески, македонски писател. Од 1950 година беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка “Македонче”, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се “Школско ѕвонче”, “Крај огништето”, “Прва радост” и “Чудотворен кавал”. Роден е во селото Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година.

*15 април 1992.- Во Скопје умре Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. Роден е во Крушево, на 30 мај 1922 година.

*15 април 1997.- Во Скопје умре д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. Роден е во 1916 година.

15 aприл 2000.- Во Скопје умрел Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден бил во 1931 година.Многумина Македонци не знаат дека тој исто така е автор (текстописец и композитор) на голем број песни кои се обнародија, т.е. ги сметаме како да се изворни народни песни. Еден од неговите најголеми хитови е „Македонско девојче“ од 1964 година, која оттогаш ја испејаа многу македонски пејачи, дури е препеана на повеќе странски јазици. Автор е на многу новосоздадени песни од кои повеќето се веќе обнародени,како:Македонско Девојче.Едно име имаме,Ај засвиретеми чалгии,Ако умрам ил загинам,Ој Вардаре македонски ,Куќа имам на Пелистер и многу други.

15 април 2018.- Во Скопје, на 90-годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера, Павлина Апостолова-Богданова, која припаѓа на правата генерација оперски солисти кои ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура. До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал. Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на Македонската опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонската култура. Таа се здоби и со статус на истакнат македонски уметник.

Претходниот артикал,Велика Среда
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -16-АПРИЛ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука