НА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 АВГУСТ

0
220

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 АВГУСТ

*3 август 1903.- Во месноста Дреновица, кај Кавадарци, четата на тиквешкиот војвода Петар Јуруков водеше херојска борба против 300 турски војници кои требало да заминат за Крушево. Во Борбата која траеше повеќе од 5 часа загинаа 17 борци на четата и 21 турски војник. Јуруков е роден е 1882 година во Карлово, тогаш во Источна Румелија. До 4-ти клас учел во Карлово, а 5-тиот клас го завршил во Пловдив во 1898 година. Својот револуционерен пат го започнал во Самоков , како член на младинскиот револуционерен кружок Трајко Китанчев.Со неполни 19 години заминал со една чета предводена од Михаил Апостолов- Попето и Аргир Манасиев и се упстиле во Тиквешијата, со цел да киднапираат еден рударски инжинер, Англичанец. Потоа се префрлиле во Кукуш, заменувајќи го Христо Чернопеев.

*3 август 1909.- Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.

*3 август 1902.- Во селото Вишни, Костурско, Егејска Македонија, предаден и опколен од османлиската војска се самоуби Лазар Москов, еден од значајните македонски револуционери. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во Костурско.Војвода бил во Костурскиот реон. Најблиски соработници му биле Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Имал средби и со Марко Лерински и Гоце Делчев за време на неговата голема обиколка низ Македонија.Војводата Москов се самоубил на 3 август 1902 во Вишени во текот на престрелка со турските аскер, а заедно со него бил убиен и Никола Рашајков. За Лазар Москов се пее народната песна: „И за твојата слобода слатка; смртта јуначка покоси нас, но со дрскост вечно живе борбата; и веќе е близу посакуваниот час… “Москов бил еден од поактивните организатори на ВМРО во Костурско.

*3 август 1903 година, конечно ги зазеле сите четири државни објекти во центарот на Kрушево. Kрушево било ослободено и преземено од востаниците и граѓаните. Требало да се совладаат уште 50-60 војници, под командата на Муљазимевер Али-ефенди, забарикадирани во малата касарна, каде што борбата се  уште траела. Во меѓувреме, борбата за касарната добила жестина. Четата под команда на војводата Иван Наумов Аљабакот жестоко напаѓала на касарната. На силниот оган на востаниците жестоко одговарале отоманските војници. Забарикадирани зад малите прозорци на зградата и добро вооружени, тие ги држеле востаниците под силен оган и со тоа ја одлжиле борбата за целосно ослободување на градот.
Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 2 АВГУСТ
Следната статијаСвадба на Славе и Гуна-1969

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука