НА ДЕНЕШЕН ДЕН -6 Ноември

0
120

* 6  Ноември е Меѓународен ден за спречување на експлоатација на животната средина во војна и вооружени конфликти.

* 6  ноември 1909.- Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригентна класична музика. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”. Умре во Белград, на 21 јануари 1979 година.

* 6 ноември 1921 Јован Кокаловски — македонски поет, новинар и публицист.

* 6 ноември 1939 Јордан Добревски — македонски писател за деца и драмски автор.

* 6  ноември 1942.- Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија “Гоце Делчев”. За време на НОВ во печатницата, меѓу другите, беа отпечатени Манифестот на Главниот штаб на НОВ и По на Македонија, прогласот на ЦК КП на Македонија по повод Илинденското востание, првите броеви на весниците „Нова Македонија“, „Млад борец“ и „Македонка“, како и првиот дел на зборникот на Кочо Рацин „Македонски ослободителни песни“.

* 6  ноември 1944.- Во Битола е формиран хорот “Стив Наумов”, кој подоцна прерасна во КУД “Стив Наумов”.

* 6  ноември 1944.- Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.

* 6  ноември 1993.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Претходниот артикал,Љубе Димовски со своето одделение -1980
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН- 7 Ноември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука