ИКОНОСТАС –СВЕТИ СПАС

0
223

ИНТЕРЕСЕН НАСТАН ПОВРЗАН СО ИКОНОСТАСОТ –СВЕТИ СПАС,СКОПЈЕ

Во 1944 година Македонија за малку ќе го загубела иконостасот што се наоѓа во црквата Свети Спас Скопје, направен од тајфата на Петре Филиповски – Гарката. Тогаш се расчу дека Бугарите планираат да им го дадат иконостасот на Германците како подарок. Тој веќе бил спакуван и стоел пред црквата кога копаничарот Нестор Алексиев Мирчевски (1873 – 1969) стигнал и веднаш им се обратил на германски јазик: „Иконостасот кој вие сакате да го земете го направиле моите предци. Вам, како на една голема сила и културна земја, не ви приличи да го земете. Ова е бесценето, работено е дванаесет години, а вие сакате да ни го земете“. Тој уште им кажал дека во 1938 година добил награда за својата резба на Светската изложба во Берлин и бил примен од нивниот градоначалник. Потоа, иконостасот бил вратен и засолнет во Народна банка.

По војната, Нестор Алексиев Мирчевски го монтираше повторно на местото каде се наоѓа и ден денес.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -18 АВГУСТ
Следната статијаСвадба на Душан и Добринка-1966

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука