ДЕНЕС ЦРКОВНО НАРОДЕН СОБИР ВО ДЕЉАДРОВЦИ

0
381

Во Македонија повеќе од 250 црковни храмови се посветени на мајката божја Богородица.

Во нашата средина има три црковни храмови поврзани со нејзиното име ,ама црква посветена на нејзиното рождештво има една и тоа во црковната лавра во манастирскиот комлекс во Дељадровци.

 Манастирскиот комплекс Дељадровци, изграден во 1921 година во чиј состав се наоѓаат следните цркви: “Св. Ѓорѓи“ – манастирска црква, “Св. Петка“и “Св. Недела“, “Св. Архангел, “Михаил и Гаврил“,“Св. Злата Мегленска“ и “Св. Мала Богородица“.

Овој Манастирски компекс претставува црковна лавра единствена во Полошко-Кумановската Епархија.

 Во текот на секоја година во манастирскиот комплекс Дељадровци има два црковно-народни собири и тоа на 6 мај се слави Ѓурѓовден и на 21септември се слави раѓањето на Богородица.

Претходниот артикал,Веле Трајковски-фудбалер
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-21 СЕПТЕМВРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука