Овој Викенд нашата Општина Илинден, беше домаќин на државното првенство во џудо и џиу џицу.
На натпреварите кои се одржуваа во спортската сала „Гоце Делчев“, учествуваа повеќе од 200 борци од 14 екипи од повеќе градови од Македонија.

На свечен начин турнирот го отвори Градоначалникот на општината Александар Георгиевски на присутните им посака добредојде во нашата општина, додека на борците им посака добри борби и успешен настап.

Нашиот Хулк Ултимејт, младиот џиу-џицу клуб како дел од Hulk Academy, ова му беше втор настап за неговото 5 месечно постоење во џиу-џица натпреварувачкиот свет. „Патувањето од илјада километри започнува со еден чекор, а за нас ова натпреварување беше клучен чекор кон нашиот развој како клуб“, забележа тренерот Филип. „Ние сме неизмерно горди на перформансите на нашиот тим.

Тие се бореа со срце и одлучност, претставувајки го духот на издржливост и храброст што го дефинира нашиот клуб. И покрај тоа што се соочивме со искусни противници, неколку членови обезбедија победи во нивните категории, покажувајќи ги своите вештини и решителност да успеат на највисоко ниво. „Ова натпреварување беше вредно искуство за учење за сите нас“, сподели еден од спортистите. „Секој натпревар, победа или пораз, не учи на нешто ново и не поттикнува да се подобриме. Благодарни сме за можноста да се натпреваруваме и да го претставуваме нашиот клуб и заедницата“.
Инаку, џиу-џица спортот во последно време се здобива со се поголема популарност поради реалните техники за самоодбрана, ефективноста, практичноста, безбедноста на вежбачите, како и бидејќи претставува голем дел од популарните UFC (ММА) борби.

Hulk Academy како претставник од нашата општина во овој спорт ветува успеси од повисок ранг во иднина, и општо усмерување на младите од општината во вистинска здрава насока.