НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 12 Октомври

0
218

*12 октомври 1994 година ,започна изградбата на пругата према соседна Бугарија и до денес сеуште не е направена.Инаку оваа железничка пруга започнала да се гради за време на втора светска војна и од другата страна на границата речиси направена е до самата граница.

*12 октомври 1941година. Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд-Igor Blazevski

*12 октомври 1960.- Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него тресна неколку пати на масата.

*12 октомври1934.- Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I беше убиен во Марсеј-Франција.

*12 октомври1993.- Кралството Белгија ја призна Република Македонија.

*12октомври1993.- Народна Република Кина ја призна Република Македонија.

*12 октомври1995.- На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Претходниот артикал,Сите досегашни имиња на Скопје
Следната статијаКАКО И КОЈ ГО ИЗГРАДИЛ змискиот мост во Кратово?

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука