РК „ИЛИНДЕН-ВАРДАР од населба Илинден.
Клубот го водат Александра и Дарко Јаневи и двајцата поранешни ракометари
Младите ракометари од екипата на РК Илинден Вардар продолжиле да играат во пионерските,кадетските и младинските лиги на РК Вардар ,правејќи ја една од најуспешните Ракометни Академии.
Во пресрет на новата сезона на Вардар Јуниор лигата во школите од Академијата на Вардар се средуваат впечатоците од минатогодишните први натпревари од овој тип во државава. Во разговор со тренерите се потврдува задоволството и користа од организирање редовни натпревари за најмладите во текот на целата година. Секој тренер сведочи за тоа колку напреднала играта на децата, како и за можноста што оваа лига им ја даде на најталентираните да продолжат да играат во младинските клубови на нашиот црвено-црн прволигаш. Школите се подготвуваат за новата сезона и ги пребројуваат децата кои ќе продолжат да настапуваат во лигата од септември, но се фалат и со талентите кои за овие две години откако постои Академијата на Вардар продолжиле да тренираат во младинските клубови на
Токму таков клуб е РК Илинден – Вардар од скопската населба Илинден кој за две години учество во Академијата на Вардар произвеле 14 таленти кои сега тренираат во младинските клубови на нашиот Вардар. Школата во Илинден ја води тренерскиот двоец Александра Јанев и Дарко Јанев, кој е и поранешен ракометар на Вардар.










































