*26 октомври 1918 година во селото Глишиќ –Кавадарци, роден е Никола Бадев.Во 1948 година, веднаш по аудицијата за млади таленти, Бадев дебитирал на програмата на Радио Скопје, со што започнала неговата блескава кариера како уметник и станал една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската народна песна.
Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници. . Ги испеал нашите најлирски песни, издал стотина плочи, неколку пати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот станал вистински народен уметник, кој самиот рекол: „песната е мојот живот“. Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната Параходот. Параходотпостанала негова лична карта и химна на Кавадарци, но ги испеал и Збогум мила,Блазе тебе Митро, како и многу весели песни – Стани моме да заиграш, а пеел и комитски, хумористични и песни од сите жанрови. Имал компонирано и свои песни, но во тоа време не можело да има новокомпонирана песна, така што морал да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопиле во народни.
Починал во Скопје на 58 годишна возраст.

* 26 октомври 1689, По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запалил Скопје кое горело два дена. Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не била запрена од огнот. За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. По палењето на Скопје османлиите го реновирале Калето. За тоа поставиле плоча на тврдината на која пишувало: „Хронограм за обновата на тврдината (кал`а), која се согради цврсто во годината 1111“. (29.6.1699 – 17.6.1700). Верувале или не, плочата е пронајдена дури по Втората светска војна, пред влезот на една скопска куќа, каде што служела како – чистач за чевли.

* 26 октомври 1820.роден е во Кучевиште Натаниел Кучевишки, познат уште како Охридски-Пловдивски или Натаниел Зографски, со световното име Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев , е еден од најшколуваните црковно-литературни и револуционерно-национални дејци во XIX век. Учествувал во црковната борба против грчката Цариградска патријаршија и се залагал за обновување на Охридската архиепископија. Натанаил станал егзархиски митрополит, кој активно го помагал македонското револуционерно ослободително движење.Натаниел Кучевишки е роден на 26 октомври 1820 година во скопското село Кучевиште, како Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев. Се школува во родното село (Кучевишкиот манастир), а потоа во Скопје, Самоков и Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора во 1837 година, учи во Духовната семенарија во Кишинев од 1838 до 1844 година и во Одеса од 1845 до 1847 година. Потоа како кандидат на бословските науки, од 1847 до 1851 година учи на Духовната академија во Киев.Починал на 18 септември 1906г.

* 26 октомври 1912 Српската војска влегува во Скопје. На чело на првата армија во Скопје, влегол командантот Александар Караѓорѓевиќ ,српскиот престолонаследник.

* 26 Октомври 1912 година Грците влегуваат во Солун. Тоа е прв пат во историјата кога грката официјална власт стапнува со нога во овој град. Турската историска наука со години не може да си објасни зошто во Првата балканска војна Солун без испукан куршум им беше препуштен на Грците.

*26 октомври 1925 година во село Брусник, Битолско,роден е Бошко Станковски бил македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ.Роден е на . Учесник е во НОБ и е носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на СКОЈ од јануари 1941 година, а член на КПЈ – од ноември 1943 година.

* 26 октомври1955.- Во Белград умре Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките разкази “Рибарот Климе” и “Рашанец”. Роден е во Ресен, на август 1916 година.

*26 октомври 1933 г. во Софија умира македонскиот револуционер, дебарски селски војвода на ВМОРО Марко Симеонов Плешка. Роден во 1866 година во дебарското село Галичник, Македонија.За време на Илинденско-Преображенското востание е војвода на чета во Дебарско. Меѓу 1904-1906 година е легален работник и курир во родниот крај, а меѓу 1906-1910 година во Ениџевардарско, Солунско и Воденско, каде активно ги подпомага Апостол војвода и Ичко Димитров.
За време на Балканската војна е доброволец во ротата на I дебарска дружина од Македоно-одринското ополчение заедно со неговиот син Стојан Марков Плешка. Активен член на Илинденската организација.

*26 октомври 1927 година свечано пуштен народен театар – Скопје.На отварањето присуствувал и кралот на СХС, Александар Караѓорѓевиќ, чие име објектот првично го носел. Стариот народен театар во Скопје бил дело на архитектот Јосип Буковац, кој ја завршил изработката на плановите и техничкиот елаборат. Проектот бил одобрен по извршена ревизија на 15.04.1921 година.
* 26 октомври1993.- Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.

* 26 октомври 1996.- Во Сарај, кај Скопје, е поставен камен-темелникот на новата црква „Света Великомаченица Злата Мегленска“.