НА ДЕНЕШЕН ДЕН 26 ЈАНУАРИ

0
299

-26 јануари 2000.- Во Скопје умре Рахилка Фирфова Ѓоргова – Раца, „магичната муза“ на Кочо Солев. Македонскиот поет Кочо Солев на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зеде нејзиното име и стана познат како Рацин. Родена е во Велес, во 1911 година.

26 јануари, 1945 г. Велика Британија по втората светска војна била најголем противник за обединување на Македонија,така што испраќа нота до Бугарија, во која вели дека:„Додека Владата на неговото величество (т.е. Британската влада) благонаклоно би поздравила една конфедерација меѓу сите балкански држави, како сојузнички, така и непријателски (се мисли на страните во Втората светска војна), вклучувајќи ја по можност и Турција, таа не би одобрила соединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија. Освен тоа, додека владата на неговото величество е спремно да одобри етаблирање на една македонска држава во идната федерална Југославија, таа силно би се спротивставила на етаблирањето на една голема македонска држава со претензии спрема грчка територија (Егејска Македонија). Во согласност со тоа таа неповолно гледа на дејноста на македонските пропагандисти во Бугарија, којашто изгледа се оправдува од Бугарската влада, и нема да го признае правото на Бугарската влада, без согласност на Обединетите Нации, да префрли каков и да е дел од бугарската територија кон југословенската федерална држава Македонија.“

26 јануари 1956.- Во Скопје умре Лазар Танев, прв претседател на Градското собрание на слободното Скопје. Роден е во Скопје, во 1884 година.

26 јануари 1972.- Над Чехословачка, по експлозија подметната од бомба, падна авион на ЈАТ „ДЦ-9“ кој леташе на линијата Копенхаген – Белград. Во несреќата загинаа 26 патници и членови на екипажот, а падот од скоро 10.000 метри го преживеа -единствено стјуардесата Весна Вуловиќ.

26 јануару 1994.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).

26 јануари1994.- Умре Ацо Филип, македонски писател – прозаирст, роден во Ресен во 1922 година. Од перото на овој автор се излезени книгите: „Монографија за поетот Мите Богоевски“, романот „Разговор со портретите“, објавен на албански јазик, збирката раскази „Долгото умирање на пеликанот“, романите „Терорист“ во 1989, „Молитва на Свети Климент“, 1990, „Домашни кажувања“ – раскази во 1993 година, романот „Бољко“, објавен непосредно по неговата смрт, како и вториот дел од романот „Ќерката на терористот“ и збирките раскази „Чаршијата“ и „Рамазански вечери“. Автор е и на неколку сценарија за документарни филови.

26 јануари 1997.- Умре Филимен Џинес, еден од водечките актери на Народниот театар во Штип и на македонското театарско творештво. Роден е во 1947 година.

Претходниот артикал,Пајтонот се враќа на свадбените веселби
Следната статијаОбичај -Водици во Битуше

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука