На Денешен ден -19 Октомври

0
150

* 19 октомври1919.- Во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител.Беше  успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година раководеше со обновата на градот.Потоа беше  Претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

* 19 октомври1887.- Во Велес е роден Михајло Шојлев, македонски сликар. Работеше реалистички пејзажи, копии на фрески и илустрации. Умре во Скопје, во 1972 година.

* 19 октомври 1915 година, во Скопје е роден Кирил Симоновски еден од најголемите великани не само на фудбалскиот клуб Вардар туку и севкупно на целиот македонски фудбал во периодот за време како и по завршувањето на втората светска војна. После завршувањето на основното училиште станал член на ФК „Југ“, па на ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Бил бугарски репрезентативец. Тој бил и учесник во НОБ од 1944. По Ослободувањето играл за репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа.

Тој се смета за првиот македонски спортист што веднаш по Втората светска војна, поточно во август 1945 година, заминал во Белград, прекомандуван од скопската воена област во белградската. Прекомандата била услов Џина да биде член во тоа време на еден од најдобрите фудбалски клубови во Југославија, Партизан, односно тој е првиот македонски фудбалер што настапил за Партизан. Во овој клуб Џина останал околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Настапот на Партизан не можел да се замисли без Кирил Симоновски – Џина. Со својот клуб тој играл во СССР, Полска, Чехословачка, Франција, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Швајцарија, Алжир, Израел и др.
Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација, прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.Легендарниот Скопјанец во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на кои што постигна 25 погодоци. Во неколку наврати славниот Џина беше именуван и за предводник на стручниот штаб, помагајќи му на клубот да се избори за своето место меѓу елитата на југословенската фудбалска сцена.Неговото јуначко срце престана да бие на 68-годишна возраст . Во знак на благодарност кон неговите заслуги за развојот на фудбалот во нашиот главен град, долги години младинската школа при фудбалскиот клуб Вардар го носеше токму неговото име.

* 19 октомври1924.- Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умре на 6 јануари 1983 година.

* 19 октомври1991.-  Одбележана е 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година.

* 19 октомври 2002г. – Во Тетово, играјќи кошарка со пријателите пред својот дом е застрелан 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на припадник на албански паравоени банди. еден од најтрагичните моменти во пост-конфликтниот период во Тетово.

 * 19 октомври2003.- Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. 

*  19 октомври2004.- Во Прилеп умре Благоја Ристевски – Платнар, македонски писател и новинар. Познати се неговите драмски текстови „Карцинома мамае“, „Спиро Црне“, „Арсениј“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“ и „Венко“. Роден е во Прилеп, на 5 март 1940 година.                                

Претходниот артикал,Дел од Кадино
Следната статијаКатлановска Бања споменик на природата

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука