-5 февруари 1972г, ,родена е Наташа Мешковска од долгиот список на успеси ,ќе издвоиме само дека таа е забележана во македонската спортска историја ,како прва пливачка од Македонија која има освоено државни титули –Првенка и рекордрка на СФРЈ на 200 м. –батерфлај.Учествувала на 3 универзијади,1 медитерански игри,3 европски првенства,3 светски првенства и на 3 летни олимписки игри.

-5 февруари 1909,во Воден роден е Вангел Ајановски – Оче,) македонски партизан, деец од Егејскиот дел на Македонија.Вангел е основач и раководител на Македонската антифашистичка организација (МАО) и Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО).Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година. Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил помошник на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.Починал на 19 мај 1996, Скопје

–5 февруари 1959.- Роден е Гоце Коларовски, истакнат композитор, научник, општествен деец, професор и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Умре во 2006 година.

-5 февруари 1964г. родена е Стојна Вангеловска Кошаркар.Нејзината блескава кошаркарска кариера, кога со голем успех настапуваше за репрезентацијата на поранешна Југославија, сопственик година Стојна Вангеловска беше прогласена за еден од најуспешните тренери во Црна Гора бидејќи на својот клуб Единство од Бело Поле му донесе две титули, шампион на Црна Гора и победник на Купот, играше и во финалето на Јадранската лига.Помина 20 г . меѓу кошевите ,со триста репрезентативни настапи,учесник нс 9 балкански првенства,на 4 европски првенства,на 3 универзијади,на 2 олипмиски игрина сребрен медал од Олимписките игри во Сеул, продолжува и како тренер. Минатата

–5 февруари 1971.- Американските космонаути од вселенскиот брод “Аполо 14” се спуштија на површината на Месечината.









































