Зошто не се наздравува со вода

0
308

Зошто не се наздравува со вода туку само со алкохол

Коренот на овој обичај се наоѓа во антиката. Имено, античките Грци верувале дека кога некој ќе умре, неговата душа оди во подземјето -Адот . Таму се наоѓа тажна рамница  обрасната со бледи, диви цвеќиња.

Според верувањата во оваа рамнина се влеваат пет реки: ледениот Стикс – река на омразата, Ашерон – река на болката, Кокит – река на жалењето, Флегетон – река на огиноти Лета – река на заборавот.

Кога душата на починатиот ќе дојде во Адот, тој пие од Лета за да го заборави минатото и страдањата од претходниот живот. Оние кои веруваа во реинкарнација, исто така, веруваа дека душите пијат од оваа река за да го заборават претходниот живот и да бидат подготвени за нов.

Токму тука се верува дека лежи во коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 ФЕВРУАРИ
Следната статијаУште едно злато за нашата ЕВА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука