НА ДЕНЕШЕН ДЕН 7 МАРТ

0
216

-7 март 1953 г. Во пресрет на празникот на жената 8 –ми Март учителката Анче Трендафилова ,пред женската омладина во тогашно Белимбегово, одржала предавање за значениеето на овој празник .

Извадок од оригиналниот запис за првото одбележување на 8-ми Март кај нас

Од тој ден, па се до нејзиното пензионирање како учителка во ООУ Гоце Делчев,односно  до крајот на својот живот, учителката Анче  остана доследна и секогаш оддадена за развој на културните и сеопшти настани во интерес на месното население во Илинден.

– 7 и 8 март 1931  Македонија ја погодија два силни земјотреси кои, покрај човечки жртви, предизвикаа и огромна материјална штета. Епицентарот на овие земјотреси беше меѓу Валандово, Удово и Струмица. 

-7 март 1876.- На американскиот пронаоѓач Александер Грејм Бел му е признат патентот за пронаоѓањето на телефонот.

– 7 март 1936 роден е Ристо Миљановски — македонски поет и раскажувач.

-7 март 1952роден е  Тоде Илиевски — македонски писател.

-7 март 1953роден е  Благоја Стефановски — македонски политичар.

– 7 март 1959 роден е Илија Велев — македонски поет, раскажувач.

-7 март 1959 роден е Владимир Талески — македонски поет, раскажувач.

7 март 1990.- Во Скопје умре Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на весникот „Нова Македонија“, еден од основоположниците на енигматиката во Македонија. Роден е во Штип, на 26 февруари 1932 година.

Претходниот артикал,„САВЕВИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаСвадба на Трипун и Славица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука