9.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Учителката Станче со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев ,населба Илинден фотографија од учителката Станче со нејзиното одделение 1989/90

Наставничката Елена со своето одделение-1999

0
Фотографија од ОУ Браќа Миладиновци од Миладиновци ,наставничката Елена Георгиевска со своето одделение

Учителката Маре со своето одделение -1981/82

0
На фотографијата учителката Маре Илиева со своето одделение во 1981/82 година во ООУ Гоце Делчев -населба Илинден

Наставнички персонал при ООУ Гоце Делчев

0
Наставничкиот персонал при ООУ Гоце Делчев -населба Илинден,на една од повеќето организирани екскурзии во минатото ,во случајов на стумичките водопади

Учителката Маре со своето одделение ,на денот на шегата

0
Денот на шегата или Априлијадата од секогаш се одбележувало во нашето ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. Во секое време со свои обележја.

Учителката Анче со своето одделение-1989

0
Нашата учителка Анче целиот свој работен век го помина во ООУ Гоце Делчев -Населба Илинден, со своето одделение во 1989 година.

Едно одделение од Мршевци

0
На фотографијата ученици од с. Мршевци , генерација 1947-49 со нивниот учител Лека, а на истата се учениците:Деса Станимировска,Стана Николиќ,Александар Радуловиќ,Божидар Спасиќ,Драгица Младеновска,Милан Додик,Мицка...

Ученици од Мршевци -1974

0
На фотографијата ученици од подрачното училиште Браќа Миладиновци во Мршевци,предводени од учителката Вера Трпковска во посета на градскиот парк,зоолошката градина и други...

6/3 одделение во ЦОУ Браќа Миладиновци во 1987

0
Фотографија од 6/3 одделение во ЦОУ Браќа Миладиновци во 1987 година. Класна на одделението Милка наставничка по Биологија, на сликата е и наставникот по музичко Славчо...

Љубе Димовски со своето одделение -1980

0
На фотографијата наставникот по ликовно Љубе Димовски,подоцна и директор на Училиштето, со своето одделение во 1980 година,при ООУ Гоце Делчев населба Илинден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ