9.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Наставничката Верче Боцевска со своето одделение-1989

0
Основно осумгодишно училиште Гоце Делчев ,населба Илинден. Наставничката Верче Боцевска со своето 5-А одделение ,во 1989 година. Инаку Верче е меѓу првите учители-наставници, кои се родени...

Ученичка фотографија од 1987

0
На фотографијата учителката Илинка Ефтимова со своето одделение ,при ООУ Гоце Делчев -населба Илинден -1987година

УЧИТЕЛИТЕ НИЗ ВРЕМЕТО

0
Училиштето е огледало на општеството. Наставниците се најважните личности, кои се пример, на кои ќе се угледуваат учениците. Нивното однесување, изгледот и начинот на...

Учителката Евантија со своето одделение -1964 година

0
На фотографијата учителката Евантија Таниќ-Сигерова со своето одделение сликани во 1964 година,генерација родена 1953/54 година.

Никола Стојчевски ,со своето одделение

0
Фотографија од Наставникот Никола Стојчевски со своето одделение во 80-те години од минатиот век,при ООУ „Гоце Делчев “во Илинден,генерација родени 1970-1971 година.

Учителката Зага со своето одделение -1963

0
***ДО ТУКА*** На фотографијата учителката Зага и своето одделение во учебната 1963/64 година. Од позадината на фотографијата претпоставка е дека таа е направена во стопанството 1-ви...

Генерација на завршени осмооделенци,1959 г.

0
Централното основно училиште „Браќа Миладиновци “е прво основно осумгодишно училиште кое било отворено на територијата на денешна општина Илинден. Во него учеа од пето...

Фотографија од ООУ Гоце Делчев -1975

0
Фотографија од 1975 година на која се наставничката Марика Здравковска,со својот клас од ОО Гоце Делчев - Населба Илинден

„Воспитни мерки“ за учениците низ времето.

0
Учениците беа воспитувани ,ама и „казнувани“ од учителите на разни начини и тоа колку се враќаме наназад толку и „казнените мерки“ биле посурови.Секој...

Наставничкиот колегиум,при ОУ„Ристо Крле“-Кадино

0
Фотографија од наставничкиот колегиум и стручните служби при ОУ „Ристо Крле“,Кадино -Илинден.- 2008 година. Инаку првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ