„Колеви“-Илинден

0
139


Основач на овој род е Коле, син на Тасе по кој е именуван и родот како „Колеви“.
Тасе,бил момок во Пиличковци ,но поради големата лојалност кон фамилијата кај што израснал –Пиличковци и што бил многу вреден, многу добро бил прифатен од нив,го сакале како нивно дете,дури кај нив се оженил-свадба му направиле.
-Тасе имал два сина Велко и Коле ,а по нивните имиња денес произлегуваат галабиите Велкови и Колеви.
-Коле имал две ќерки Јовка и Илиндка и син Пеце . За едната од ќерките за Јовка како домазет го донел Јане од с. Бунарџик. Илинка втората ќерка на Коле се омажила за Петре Костадиновски во Илинден.

-Пеце се оженил со Васа девојка од Аџиевци и добил три сина: Љубе, Јован и Бранко и две ќерки Коца и Славица .

-Љубе првиот син на Пеце имал две деца Лилјана и Борче.
Лилјана,ќерка на Љуб, се омажила во Мршевци и има две деца Дарко и Драгана.
Борче,син на Љубе има две деца Сара и Бојана.
-Јован вториот син на Пеце имал син Аце и ќерка Билјана
Аце,син на Јован  има два сина Јовица и Даниел .

 Билјана,ќерка на Јован има син Кристијан.
-Бранко ,третиот син на Пеце има син Дејан и ќерка Анета.
Дејан,син на Бранко  има една ќерка Ема .

Анета,ќерка на Бранко  има две деца Филип и Марија.

-Коца,ќерка на Пеце  се омажила во Маџари ,има две деца Зоран и Љубе.

-Славица,ќерка на Пеце  мажена во Илинден за Драги Јовановски (Дончевски ) и има две децаАна и Баже.

Пеце, до крајот на животот остана голем вљубеник верен на фудбалот,до неговата длабока старост го бодреше својот клуб ФК Илинден.Исто така беше и самоук мајстор за дрводелски работи. Од оваа галабија, која денес е распространета и живее во четири куќи, произлегуваат фамилијарните презимиња Тасевски и Ѓоргиевски. Куќна слава им е „Св.Архангел„.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,ПИРОВА ПОБЕДА
Следната статијаСвадба на Саше и Марина

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука