9.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Учителката Љубинка Станојкова -1963

0
На фотографијата учителката Љубинка Станојкова со своето одделение-1963/64г.Генерација родени 1952/53г.

Учителот Вене Станојков со своето одделение.

0
Оваа фотографија е од 1967г.на истата учителот Вене Станојков со своето одделение . Вене и неговата сопруга Љубинка целиот пензиски стаж го имаат поминато тука...

Генерација родени 1950год

0
Генерација родени 1950год.со учителот Наум сликани околу 1961г.

Димче Перчинков учител по физичко 1985г

0
На сликата училишниот тим под водство на наставникот по физичко воспитување, Димче Перчинков од 1985г. Во ООУ „Гоце Делчев“ на спортот одсекогаш се гледало со...

Учителите Александар и Љубе -1962г.

0
Учителите Александар Младеновски и Љубе Стојковски со своите одделенија сликани во 1962 година .Сликани позади Задружниот Дом ,каде се изведуваше наставата.

Дел од детската градинка „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ во Илинден

0
19 МАЈ 2016,СВЕЧАНО БЕШЕ ОТВОРЕН НОВОДОГРАДЕНИОТ ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“,ВО ИЛИНДЕН. Во општина Илинден денеска се отвори нов дел од градинката „Гоце Делчев“,...

Прва генерација средношколци 2013-14 г.

0
Прва генерација (2013-14г.) средношколци во новото средно општинско училиште ИЛИНДЕН со наставниот кадар и Градоначалникот на општина Илинден

Спомен обележјето на паднатиот бранител Драго Маневски во 2001г

0
О.У. Гоце Делчев денес,изградено 1964г.Спомен обележјето е на паднатиот бранител Драго Маневски во 2001г.,а е од соседното село Марино.

ОУ.„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-2008г.

0
Персоналот на ОУ.„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-2008г.

113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

0
113 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Населба Илинден, во спортски дух го одбележаа патрониот празник на училиштето и...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ