20.8 C
Skopje
среда, април 29, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Историјат на ООУ Гоце Делчев-Илинден

0
*Во нашата средина прво училиште е отворено во Бунарџик во 1914 година,во кое учеле ученици од сите околни села ,наставата се изведувала на српски...

Училишниот персонал во ООУ“Гоце Делчев“ 1974/75 година

0
Училишниот персонал во ООУ“Гоце Делчев“-н.Илинден,1974/75 година

Учителот Ангеле со своето одд.

0
Учителот Ангеле со своето одделение,генерација родена 1952/53г.

Ацо Симоновски со своето одд 1966/67година.

0
ООУ Гоце Делчев населба Илинден ,класниот Ацо Симоновски со своето одделение , секретарот на училиптето Бојан Костиќ и Васил Велинов ,Фотографијата е од 1966/67година.

Учителката Снежана 1979г

0
Оваа генерација тогашни ученици денес се на 46-47 годишна возраст,препознавајте се!

Љубе Димовски со своето одделение 1968г

0
Љубе Димовски ,најпрво наставник по ликовно ,потоа и директор на ООУ Гоце Делчев ,со своето одделение 1968г

Учителот Александар со своето одд 1964/65г

0
Учителот Александар Младеновски со своето одделение. .Сликава е 1964/65г.Има ли некое препознавање?

Учителката Славјанка со своето одд.

0
Фотографија од 1965 г.,на истата учителката Славјанка со своето одделение -ОУ„Гоце Делчев“,н.Илинден.

Учителката Буда со своето одд 1965/66г.

0
На фотографијата учителката БУДА,со своето одделение -1965/66г.Во позадина првобитната слика од училиштето ,потоа следуваа неколку доградби-проширувања.

ООУ „Браќа Миладиновци“ 60-тите години

0
Наставничкиот персонал на чело со директорот Драган Стојчев во ООУ „Браќа Миладиновци“-Миладиновци во 60-тите години од минатиот век.Се до 1964г.осумгодишно училиште од денешните села...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ