9.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Фотографија од 1962г

0
Фотографија од 1962г ,учителката ЗАГА и нејзиното одделение .Во позадина стариот задружен Дом(урнат во 2011г.) ,во кој се одвиваше наставата.По препознавање на некои од...

Учителката Евантија – 1959г

0
Слика од 1959 година ,учителката Евантија со група ученици од прво одделение ,сликани на 100-тина метри јужно од денешниов Дом за Култура -Илинден.

Учителката Загорка (Зага) 1961/62г

0
Учителката Загорка (Зага)со своето одделение сликани околу 1961/62г.

Учителката Владанка -1959г

0
*Фотографија од 1959г.испратена од семејството на Богоја-Боне Трајковски.На истата учителката Владанка со своето одд.пред стариот дом каде се одвиваше наставата во тоа време.Учителката стануваше...

Слика од второ одделение -1955/56

0
Слика од второ одделение -1955/56 година,со учителот Ангеле.Генерацијава е родена 1946/47г.

Фотографија од 1955г

0
*Оваа фотографија е од 1955г. ,на истата ученици од Илинден и Марино со учителката Персијана ,која беше облечена во народна носија од скопско и...

Учителот Александар (Санде)Ристовски 1954г

0
Фотографија од 1954г ,учителот Александар (Санде)Ристовски од Бунарџик ,со своето одделение во Основното училиште во Илинден ,во позадина е првата училишна зграда во Илинден...

Учителката Персијана со своето одд.1956г.

0
Учителката Персијана Блажевска со своето одд.1956г.

Учителката Анче – 1955г

0
*Учителката Анче Трендафилова-Дејановска со своето одделение,1955г.,во позадина е првата училишна зграда во Илинден. Таа училишна зграда се наоѓаше на местото на денешната амбуланта во Илинден. Најголемиот...

Учителката Анче -1954г.

0
Учителката Анче со своето одд.-1954г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ