19.7 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 22

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Фамилија Дурански- Илинден

0
На фотографијата фамилијата на Владо и Савка Дурански, со семејствата на нивните синови Санде,Бранко,Раде и нивниот кум Раде Десподовски,фотографирани во 70-те години од...

Фотографија на дел од Марино

0
Фотографија направена денес на 23 март 2021,на дел од Марино,со поглед кон Водно.

Санде Симоновски со внука и правнуци

0
На фотографијата Санде Симоновски од родот Дончевци ја држи својота правнука Ангела ,која е ќерка на Тони внук на Санде. Покрај нив на фотографијата е...

Тоде,Борче и Јован

0
Фотографијава е од 60-те години на минатиот век ,а на истата Тоде Илиевски од Илинден,Борче Гочевски од Кадино и Јован Велковски од Илинден. Тогаш...

Петранка и Славица-1977

0
На фотографијата Петранка Трајковска -денес Александрова и Славица Велковска ,фотографирано во 1977 година. Време во кое точакот „ПОНИ“ беше основно средсттво за меѓусебна комуникација и...

Дел од Марино и Кадино

0
Фотографија која ги опфаќа дел од Марино и Кадино.

Вечерен поглед од АЈВАТОВЦИ

0
Фотографија со поглед од Ајватовци во снежни услови.

Дел од Илинден

0
Панорамска фотографија на дел населбата деновиве

Панорама на МАРИНО

0
Панорамската фотографија на Марино, направена е деновиве во ноќни и снежни услови. Дронската фотографија ја направи Давид Петрушевски.

Панорама на населба Илинден

0
Ноќна фотографија на населба Илинден под снежна прекривка направена на 14 Февруари 2021година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ