НА ДЕНЕШЕН ДЕН-23 АПРИЛ

0
36

-23 април ,е Светски ден на книгата и авторското право

-23 април  1950 година од страна на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија во чест на великанот Гоце Делчев донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево. Како најголем град во областа Пијанец историјата на градот е испреплетена со многу премрежија на населението, спомнувајки го тука Разловечкото востание, но и Пијанечката република која функционирала до 1878 година под водство на револуционерот Димитар Беровски.

-23 април 1972г. започна со изградба Соборниот храм „Св Климент Охридски“во Скопје.Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м². На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на св. Богородица. Од капелите, едната им е посветена на Цар Константин и царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина.
Изградбата почна на 23 април 1972 осветувањето е извршено по повод 1150 годишнината од раѓањето на патронот, св. Климент Охридски на 12 август 1990 во времето на Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Гаврил.
Фонтаната пред црквата е подарок од Исламската верска заедница.
Во дворот на Соборниот храм на 12 август 2007 поставен е споменикот на архиепископот Господин Господин Доситеј, првиот поглавар на возобновената Македонска православна црква. Македонската православна црква го поставила овој споменик во чест на 8 декември – православниот празник на св. Климент.

-23 април 1989.- Во Скопје умре проф. д-р Владимир Картов, професор на Правниот факултет во Скопје, истакнат научен работник, особено во областа на историјата на македонскиот народ. Роден е во селото Смоквица, Гевгелиско, во 1934 година.

-23 април 2001г. кај Алашевце, Липковско, беше убиен Дејан Денковски (†25) од страна на терористите .

23 април 2015.- На 76-годишна возраст почина актерката Сузан Максут, доајен на НУ Турски театар. Од 1962 година е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година. Попознати актерски остварувања се Дездемона во „Отело“, Мерима во „Омер и Мерима“, Катрин Хауп во „Мајка храброст“, Ширин во „Легенда за Љубовта“, Медеа во „Медеа“, Ајше во „Цвеќарот Али“. Добитник била на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“и Награда на Град Скопје „13 Ноември“. Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. Играла во филмовите „Најдолгиот пат“, „Исправи се, Делфина“, „Време, води“ и „Македонска сага

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука