21.9 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 21

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Чешма во кругот на ООУ Гоце Делчев

0
До пред 30-на години снабдувањето со вода за пиење во Илинден и поголемиот број околни села беше еден од поголемите проблеми за населението. Во Илинден...

Трпе и Стојанче

0
На фотографијата Трпе Николовски-Аџиовски и Стојанче Велковски -Пиличковски, во 70-те години од минатиот век

Девојки од Илинден во 70-те

0
На фотографијата млади девојки од Илинден од лево кон десно : Цена Бушева,Ленка Аџиевска,Славица Пиличковска,Љубица Бушева и Нада Аџиевска.

Владо,Милан и Богатин

0
На фотографијата Владо Јовановски(Бејтовски),Милан Бошковски(Бејтовски)и Богатин Ангеловски(Роглев)од Илинден на прослава на зимски Св. Атанас во црква во Илинден во 70-те години од минатиот век.

Младинци од Илинден-1970

0
На фотографијата младинци од Илинден фотографирани во 1970 година Горе:Цвета Велиновска,Иве Џиковски,Јана Ѓуровска и Круне Панушковски Доле дете? и Рада Велиновска

Младинци од Кадино-1978

0
Звонко Најдовски,Киро Димитриевски,Момчило Најдовски,Бобан Марјановиќ,Слободан-Цоки Најдовски,(Љубе Димитриевски)Бранко Најдовски и       Гоце Трајковски-Најдовски

Претседателот Трајковски во Дељадровци-2004г.

0
Фотографија од посетата на Претседателот на Македонија Борис Трајковски на Дељадровци во 2004 година. Радоста на Душан Димитриевски,како и на останатите што имаа ваква прилика...

Млади момчиња од Илинден-1967

0
На фотографијата млади момчиња од Илинден фотографирани 1967 година. Од лево кон десно Димитрија -Диме Атанасовски,Веле Бошковски,Миле Илиевски и Сречко Милошевски.

Душко и Дафинка

0
На фотографијата Душко -Алтан Богдановски и наговата сопруга Дафинка,млад брачен пар од Кадино во 1980година.

Вељо Христовски-Кадино 1965

0
На фотографијата дел од семејството на Вељо Христовски,еден од луѓето со најголем стас,ама и по душа и срце од нашата средина. На фотографијата се...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ