18.2 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 25

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Семејството на Миле Најдовски-Кадино

0
На фотограијата Миле Најдовски ,неговата сопруга Јорданка, Јана мајка на Миле и децата Момчило и Снеже ,со кумот Славе и неговото семејство од Скопје...

Млади од н.Илинден-1966

0
На фотографијата млади од Илинден во 1966 од лево кон десно:Ѓорѓи-Гоне Митровски,Методија - Мичо Велиновски,Тоде Илиевски. Доле,Цане Бошковски и Јован -Јоле Велковски. Сите, родени од...

Поранешни членови на КУД Илинден

0
Фолклорот покрај искажување на играорните способности прикажување на уметноста пред публиката ,овозможува дружење на младите во слободните активности. Така и оваа фотографија е од многуте...

Илија,Славе,Драган и доле Стево

0
На фотографијата четири другарчиња, од Илинден родени 1948/50 година, а сликани првите години од 60-те, а на истата:Илија Велковски-џачо,Славе Кимовски,Драган-Драганчо-Божиновски и доле Стево Донаковски.

Дел од населба Илинден

0
На фотографијата дел од населба Илинден , околу железничката станица Илинден

КУД „ИЛИНДЕН“Играорци Стојанче и Слободан

0
Фотографија од 80-те кога КУД „Илинден“ беше едно од подобрите културно-уметнички друштва во Скопје, кога ниедна манифестација организирана од градски или од републички карактер...

Фотографија од свадбата на Спиро и Роса

0
Фотографијата е направена во 1944/45 година на свадбата на Спиро Љуботенец и Роса Пурчева. Покрај групата соселани,роднини и другари,на фотографијата се наоѓа сосема лево...

Славица и Љупка

0
На фотографијата Славица Ѓорѓиевска од родот Колева ,омажена за Драги Јовановски во родот Дончевци и Љупка Велковска од родот Најдови, омажена за Дуле -Чапар...

Панче со дел од своите блиски

0
На фотографијата Панче Велковски до него непозната,зет му Милош,сопругата Вида и доле ќерката Мара. Со оглед на тоа што двете жени се во народна носија...

УСПЕШЕН НАСТАП НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

0
На неодамнешниот конкурс „БЗР од мали нозе“на тема песни и раскази да напишат деца за заштита при работа,каде се прогласуваат по три најдобри творби...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ