Андреј Богдановић-Фудбалер
Роден на 25 февруари 2002год. во Скопје,жител на с.Марино,ученик е во ООУ„Гоце Делчев“ во населба Илинден.
Со фудбал започна да се занимава од своите 5 години во 2007г. започна да тренира во екипата на Ф.К. Илинден,каде се задржа до 2011г. Првите фудбалски чекори ги направи под будното око на тренерот Сашо Рајатоски.
Од 2011 до 2014г. тренираше Ф.К.Марино,тренер му беше Виктор Кравченко, со кој беше на меѓународен турнир во фудбал во Белград,Србија и освои 3то место и постигна 2 гола таму настапуваше за екипата на Ф.К.МК.Ѓорче Петров.
Во 2014-тата година Андреј премина во Екипата на Ф.К. Маџари Солидарност и играше на повеќе позиции, а најголемиот дел од натпреварите играше на позициите напаѓач и играч за врска.
Во оваа полусезона(2016) беше капитен на генерацијата 2001-Пом.Пионери и постигна 13 гола на 20 натпревари.
По завршувањето на сезоната Андреј со својата екипа учествуваше на меѓународниот турнир во Дижон,Франција и беше капитен на екипата од Македонија.
На овој турнир Андреј беше еден од најзаслужните за успехот на македонската екипа со постигнати 4 гола и го подигна трофеот за 4-тото место на овој светскиот меѓународен турнир во футсал,во кој учествува екипи од повеќе држави..
И, Андреј и останатите играчи на македонската екипа (четворица се од нашата општина) благодарни се на тренерот Сашо Рајатоски, од кого многу научиjа од фудбалските вештини за што му се многу благодарни.
Населба Илинден на Андреј му посакува успешна фудбалска кариера.










































