18.2 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 26

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Млади од Илинден -1955/60г.

0
На фотографијата неколкумина млади кои беа носители спортски и други културно-општествени активности во Илинден во 50/60-те години од минатиот век. Од лево кон десно...

Дел од семејството Димовски-Ајватовци

0
На фотографијата најблиските на Божин Димовски, кога тој тргна на печалба во Австралија во 1985 година,каде и денес живее. А, на фотографијата се:таткому Спирко,мајкаму Кипра,Кита,Везира...

Млади момчиња од Илинден во 70-те

0
На фотографијата се млади момчиња -беќари од Илинден во 70-те години. Горе се (Спасо Павловски) од родот Џиковци и Васе Јовановски од родот Дончевци...

Центарот на Илинден-1963

0
Ова улица (9)денес е главната улица што поминува низ централниот дел на населба Илинден на потегот ООУ Гоце Делчев-Црква-Дом на Култура Илинден. Како што се...

Стара слика од 70-те години

0
Фотографијта од 70-те години од минатиот век ,а на истата, прва од лево Софијанка Велиновска,па Крстана и Насе родители на Томче Славевски и Ѓорѓи...

ДушкоМитровски,со другарите на неговата свадба

0
Фотографија од свадбата на Душко Митровски во 1974 година,фотографиран со неговите другари. Како што може да се види тогашната мода била долгата коса,звонарки пантолани ...секое...

Љубе,Киро и Душко

0
На фотографијата двајца браќа Душко и Киро Митровски и нивниот братучед Љубе Саздовски,сликани пред околу 57-58 години,денес дедовци на околу 70 -на возраст.

Поглед од Марино кон Дивле

0
Фотографијата на која се гледа дел од Марино и во подалечна позадина селото Дивле со убаво ВИНО-ЖИТО.

Еден поглед од Марино према Ајватовци

0
Фатографија направена пред малку со поглед од Марино према Ајватовци,испратена од Христијан Ѓуровски.

Борис и Ангелина Аџиевски

0
На фотографијата Борис кој потекнува од родот Аџиевци и неговата сопруга Ангелина која потекнува од родот Џиковци и двајцата од Илинден,фотографирани во 70-те години...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ