НА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 МАЈ

0
232

31 Мај 2001  загина капетан ЗОРАН БУБЕВСКИ († 33) од Берово носејќи вода и храна на Бранителите на караулата Билјак. Зоран Бубевски на 26 мај 2001 година, во саботата, имаше веридба,само неколку дена по веридбата Зоран загина. За десет дена не го прослави својот 33 роденден.

ДРАГАН БОГДАНОВСКИ

* 31 мај 1998г. ,почина Драган Богдановски, за Драган Богдановски многу малку се знае во нашата јавност, и покрај тоа што тој беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 год. Тоа е човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓа во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верни пријатели и соработници во Куманово на 01.08.1998г

ЈАНЕ САНДАНСКИ

* 31 мај 1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е роден Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. Тој е најистакнат организатор и раководител на македонското национално ослободително движење во Пиринска Македонија. Патувајќи од Мелник за Неврокоп, близу до Роженскиот манастир, убиен е од врховистите на 22 април 1915 година. Тој беше човек со голем ум, со познавање на Македонија и на македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања, запишал рускиот писател и публицист Василиј Водовозов за македонскиот револуционер Јане Сандански.

ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ

*31 мај 1903 г. 1000 војници турски аскер го обградуваат село Дмбени. Четата на Лазар Поптрајков го зазема врвот Вињари, а како помош пристига четата на Дичо Андонов, кои го заземаат врвот Локвата. Битката продолжува долго и на помош пристигнуваат и четите на Васил Чекаларов, Пандо Кљашев и Митре Влаот. Лазар Поптрајков ја воспева битката во поемата „Локвата и Вињари“.

БЛАЖЕ КРСТЕБ -БИРИНЧЕТО

 *31 мај 1911, Журче, Демирхисарско, загина Блаже Крстев- Биринчето, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Крстев е роден во Бирино, Крушевско и се вклучил со ТМОРО како организатор и водач. Пред Илинденското востание формирал своја чета со четници од своето село. За време на Илинденското востание, на самиот ден 2 август 1903 година Биринчето заедно со здружените чети на Иван Наумов Алабакот ја нападнал и освоил Крушевската касарна. По освојувањето на градот Крстев со својата чета се борел заедно со четите под раководство на Питу Гули во падините на Крушево и одбиле 6 турски напади кои завршиле со огромни губитоци за Турците.По Илинденското востание, Крстев бил еден од малкуте што останале меѓу народот и правел подготовки за нова борба. Во крајот на 1904 година се вклучил во четата на неговиот соборец од востанието Иван Наумов Алабакот и заминале заедно во Велешко за да се борат против четите на Српскиот четнички покрет кои се појавиле таму веднаш по Илинденското востание.Во 1905 година заедно со големата здружена чета на Ѓорѓи Сугарев и Иван Наумов Алабакот во Порече и Азот (Велешко) ја извршиле познатата акција против Српските четници. По разочарувањето од Младотурците, Крстев продолжил со борбата, формирајќи реонска чета.Загинал на 31 мај 1911 година со турскиот аскер кај Журче Демерхисарско.

* 31 мај 2006 основан е Воениот музеј на Армијата на Република Македонија .

ПЕТАР ХР. ИЛИВСКИ

* 31 мај 2013.- На 92-годишна возраст почина академик Петар Хр. Илиевски. По завршувањето на Богословскиот факултет во Софија, во 1946 година, работи како наставник во средни училишта во Скопје. Во 1956 година дипломира на групата Класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Специјализирал микенологија во Кембриџ во 1957/58 година и докторирал од истата област во 1960 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Аблативот, инструменталот и локативот во најстарите грчки текстови“ и е избран за доцент, во 1966 е избран за вонреден професор, а во 1971 година за редовен професор. Одговорен уредник е на сојузното списание за класична филологија и антички студии „Жива антика“.Автор е на околу 400 труда и добитник на повеќе награди и признанија. За член на МАНУ е избран во 1979 годинаПетар Хр. Илиевски е роден на 2 јули 1920 година во село Горно Бигор – Доленци, Кичевско.

* 31 мај 2013.- Свечено е отворена новата зграда на објектот „Стар театар“ во Скопје, кој му беше примопредаден на Македонскиот народен театар. Станува збор за современ театарски простор во кој се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметничките дејности со високи технички перформанси. Лоциран на левиот брег од реката Вардар, објектот е изграден врз темелите на стариот театар кој се урна во земјотресот во 1963 година. Позициониран е на вкупна површина од 7.200 метри квадратни, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со двојно дно. На отворањето на Стариот театар е промовиран и Музејот на МНТ кој претставува прва театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија.

Претходниот артикал,ООУ “Гоце Делчев“наставнички кадар
Следната статијаМлади од Кадино во 70-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука