9.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 5

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Коџак, Станка и Цобе

0
На фотографијата младинци од Илинден фотографирани во 70-те години од минатиот век: Стојанче Николовски, Станка Дончевска и (Слободан Павловски). Тројцата беа дел од основачите и...

Центарот на н. Илинден-1963г.

0
Стара фотографија од центарот на н. Илинден некогаш

Баба Божа со внуците

0
На фотографијата Баба Божа Илиевска од Илинден со внуците

Камбана на два даба

0
Фотографија од црковната камбана во Бунарџик закачена на два даба ,фотографирано во 2008 година.

БЕЛВИ во 1988година

0
Белви во минатото беше спортско-рекреативен туристички центар ,покрај туризмот како основна дејност Белви располагаше со Базен,Куглана и др.

Баба Петра

0
На фотографијата Петра Соколовска, од Илинден со синот Веле, снаата Станка,внуците , а малиот во нејзин скут внукот Горан Соколовски. Фотографија од 70-те години...

Влезниот дел на Илинден

0
Фотографија од влезниот дел на Илинден од правецот на Скопје, поточно сообраќајницата после Белви.

Дел од населба Илинден

0
Фотографија на дел од населба Илинден со поглед од Кружниот те спрема Скопје

Народна носија од Скопска Балатија

0
На фотографијата:Живка Нацевска,Душанка Крстевска,Ботка Илиевска и Буба Петровска

Пет другарки-ученички

0
Фотографијата од 60-70-те години од минатиот век На фотографијата, Горе: Виолета Кимовска,Душанка Шкодрева, Петранка Александрова. Доле: Амдушка Садики и Мирјана Божиновска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ