9.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 4

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Нада во народна носија

0
Се до пред неколку децении , а може да се види и денес за свечените денови свадби и друго може да се сретнат...

Традиционална предновогодишна изложба.

0
Во организација на аматерските уметниците од Илинден, подржани од општина Илинден на ден 15 12 2024 год.- Недела, во 19 часот ке се отвори...

Јагода и Грозда

0
На фотографијата снаата Јагода со золвата Грозда од родот Дончевци, фотографирани во 70-те години од минатиот век

Ленка, Гуна, Васа, Бона и Павлина

0
Фотографија од 60- те години од минатиот век, а на истата: Ленка Бошковска- род Бејтовци, Гуна Ѓорѓиевска – род Пиличковци, Васа Бошковска- род Бејтовци,...

Децата од Јурија

0
Маалото околу некогашната Јурија отсекогаш било место каде што дружбите биле на прво место . Јуријата било простор на кој се одвивале многу детски игри...

На еден од пензионерските настапи

0
При здружението на пензионерското друштво Илинден,постојат повеќе секции, една од поактивните е фолклорната

Централниот дел на н. Илинден

0
Централниот дел од населба Илинден , фотографиран во 2016 година.

Трипун Велковски со потесното семејство

0
Стара фотографијата , а на истата Трипун Велковски , кој припаѓа на родот-галабијата Најдови -Гаурови од Илинден со неговата сопруга Деса,синовите Жарко и Зоран...

Дел од Илинден и Марино

0
Фотографија направена пред 10-на години од спојот на Илинден и Марино на улица „8“ -66-ка.

Фотографија од Ноември 1983 година

0
Повод, емисијата на ЈРТ  Знаење-Имање , домаќин МЗ Илинден , гости МЗ Окучани –Н. Градишка. Фотографијата направена е на игралиштето на ФК Илинден на напреварот...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ