2.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 63

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Илинденските денови во Битола-1977г.

0
Слика од учество на илинденските денови во Битола-1977г.

КУД Илинден на балканскиот фестивал Загреб-1976г.

0
Слика од учеството на КУД Илинден на балканскиот фестивал -смотра на фолклорот во Загреб-1976г.

КУД Илинден во ФРАНЦИЈА-1979г.

0
Слика од гостувањето на КУД Илинден во ФРАНЦИЈА-1979г.

Машката играорна група-1984г.

0
Машката играорна група на КУД Илинден-1984г.

Јавен настап пред жителите-1984година

0
Јавен настап пред жителите на Илинден во дворот на О.У.ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-1984година

Женскта фолклорна

0
Женскта фолклорна Група на КУД Илинден ја изведуваат играта ВОДАРКИ.

Настап на Куд Илинден-1977г.

0
Настап на Куд Илинден на меѓународниот фестивал Илинденски денови во Битола -1977г.

Дружењето на членовите на КУД Илинден

0
Дружењето на членовите на КУД Илинден од кое произлегова неколку бракови.

Припрема на КУД Илинден во Белви

0
Куд илинден ,на припрема во Белви, пред гостувањето во Франција.

Патронатот на ,,ООУ Гоце” Делчев -1980г.

0
Настап на младите фолклористи-ученици по повод Патронатот на ООУ Гоце Делчев ,пред жителите на Илинден-1980г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ