9.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 64

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Првата гарнитура играорки

0
Првата гарнитура играорки на КУД Илинден на некој настап.

Настап во Училишниот двор на ООУ Гоце Делчев

0
Настап во Училишниот двор на ООУ Гоце Делчев,по повод некоја училишна прослава.

Долгогодишниот оровоѓа на Куд Илинден

0
Љупчо Мирковски ,долгогодишен оровоѓа на Куд Илинден

Дел од членовите на музичката секција во стариот дом на Култура во Илинден.

0
Дел од членовите на музичката секција во стариот дом на Култура во Илинден.

Почетоците на Куд „Илинден“

0
Фотографија од почетоците на Куд „Илинден“,со Претседателот на друѓтвото Тоде Атанасовски ,сликани пр стариот Културен Дом во Илинден-1975г.

Настап на КУД „Илинден“

0
Настап на КУД „Илинден“,на една од многуте настапи низ Македонија.

Hастап на КУД ИЛИНДЕН пред граѓаните -1984г.

0
Припрема за настап на КУД ИЛИНДЕН пред граѓаните -1984г.

Едни од постарите членови на КУД„Илинден“-1977г.

0
Горе:Димовски Свето и Мирковски Љупчо. Доле:Павловски Слободан,едни од постарите членови на КУД„Илинден“-1977г.

АНПИ„ИЛИНДЕН“во Белви -2012г.

0
Од настапот на АНПИ„ИЛИНДЕН“во Белви -2012г.

Сојузна штафета-1984г.

0
Концерт на отворено за жителите на Илинден,по повод пречекот на сојузната штафета-1984г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ