2.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 62

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Оливера и Зорица-1979

0
*Оливера Бошковска(Бејтовска) и Зорица Велковска(Пиличковска) ,во народна носија од скопско-1979г 

Млади од Илинден -1955

0
* Фотографија од 1955 г. испратена од семејството Милевски ,на истата горе: првите две непознати ,третата Љуба  -сестра на Анто Аџиевски омажена за Косто Тодоровски...

Сестрите Орданка и Вера

0
*Сестрите Орданка и Вера Милевски(Аџиевски) од Илинден,сликани 1964г во народна носија од скопска блатија.Слика испратена од семејството Милевски.

Живка Нацевска

0
*Живка Нацевска во народна носија од скопско ,сликана околу 1968 г. 

Деца во народна носија

0
*Сестрчките Румена и Лиле ,ќерки на Бранко и Нада Роглева во народна носија од скопско,фотографирани  во 1965г.,време во кое повеќе не се изработуваше народна...

Живка,Стојан и Вида во народна носија

0
*Фотографија испратена од Ангела Насковска, на истата млади Живка Видинска ,Стојан Спасовски-Видински и Вида Маџункова  во народна носија од скопско ,која на свечани денови се...

Млади во народни носии

0
*Девојки во народни носии, Петранка Александрова во типична носија од скопска блатија и Дивна Јордановска во народна носија со примеси на влијанија на народни...

Млади од Илинден -1955

0
*Постара фотографија на млади од Илинден,сликани 1955година.Двете девојки во народна носија едната е Орданка Аџиевска,другата Мара Пурчева ,додека таа во белата облека е Павлина-Паља...

Девојки во народна носии-1955

0
*Неповторлива фотографија во исткаена и навезена народна носија од скопска бллатија . На фотографијата се:Даринка,Иванка,Верка,Марица и Донка Атанасовски-1955г ., Иванка и Марица се сестри,а Даринка,Верка и...

Cмотрата на фолклорот во Загреб-1976г.

0
Cлика од учеството балканскиот фестивална смотрата на фолклорот во Загреб-1976г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ