11.8 C
Skopje
среда, април 15, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Стари фотографии

Ќе се објавуваат фотографии од минатото од разни собири,активности,свадби,објекти за живеење,полски активности-производство изведувано срачно ,со зевгар добиток ,од областа на флората,фауната и друго ,односно фотографии кои денес не може да се направат.

Млади од Кадино во 1970

0
На фотографијата млади момчиња од Кадино во 70-те години,денес на возраст околу 70 и некоја година.

Бабата Божа со внуките Рада и Невена

0
На фотографијата Бабата Божа Дончевска со своите внуки од ќеркаи Милица, Рада и Невена во народна носија . Фотографија од 1978 година.

Марика и Светлана Јовановски

0
Две јатрви Марика и Светлана Јовановски(Бејтовски),од населба Илинден во народна носија од скопско.

АТАНАС ЃОРЃИЕВСКИ СО СИНОВИТЕ

0
На фотографијата АТАНАС ЈАНЕВ ЃОРЃИЕВСКИ од Илинден , со своите синови Славе-Мечо и Зоран. Фотографирани околу 1960 година .

Ѓоко и Љупчо

0
Некогаш фолклорист-Ѓоко Црничин-Џони и музичар Љупчо Ваневски во 80-те како членови на КУД Илинден,во пауза од некој настан.

ФОТОГРАФИЈА ОД РОДОТ ВАНЕВЦИ-СТОЈАНОВСКИ-БУЈКОВЦИ

0
Фотографија од родот ВАНЕВСКИ-СТОЈАНОВСКИ од Бујковци ,направена во 50-те години од минатиот век. Во тој период родовите сеуште живееја во поголеми родови заедници,делбите по семејства...

Млади од Мршевци-1976

0
На фотографијата млади од Мршевци, а на истата се : Станко,Зане,Жика,Мрки,Чедо -Кец,Чедо,Горан -Облак и Орце -Тане

Панорама на Бујковци околу-1970

0
Панорамска слика од с.Бујковци околу 1970 година . На фотографијата Перо Стојановски,а на ридчето во позадина денес е рафинеријата „ОКТА“,инаку прво со името рафинерија „Миладиновци“...

Беќари од Илинден во 50-те години

0
На фотографијата млади момчиња-беќари од Илинден ,фотографирани во 50-те години од минатиот век . Горе:Стеван Пурчев,Стојан Пурчев и Петре Џиковски. Доле, Миле Џиковски

Трипун и Радмила Велкови-1952

0
Фотографија од млад брачен пар Трипун и Радмила ,кои припаѓаат на родот ВЕЛКОВИ. Фотографијата е направена во 1952 година.

Популарно