ФИЛИП АТАНАСКОСКИ –МЛАД МУЗИЧКИ ТАЛЕНТ!
Живее во Мралино-Илинден ,Ученик во шесто одделение во основното училиште „Ристо Крле“ во с. Кадино,Илинден. Веќе четири години свири на гајда иако свирењето на гајда е тежок инструмент за свирење за него тоа не преставува никаков роблем.
Со гајдата се дружи секојдневно по неколку часови , а посетува часови кај, позната македонска Бајса Арифовска инструменталистка и негувателка на македонската изворна музика. За посета на на часовите кај Професорката Вајса голема помош и разбирање има од своите родители ,како и од неговото училиште.
За својот ученик Бајса Арифовска има само пофални зборови и од него очекува добри резултати и дека таа очекува дека покрај гајдата Филип ќе научи да свири и на други народни инструменти.
Филип досега настапувал на училишни манифестации во неговото училиште„Ристо Крле“-Кадино , како и на многу општински манифестации одржани во Културниот дом во Илинден.
Иако е доста млад Филип веќе учествувал на еден афирмиран фестивалот ПецеАтанасовски“во Долнени„
Инаку Филип освен гајдата, посакува да научи да свири и на некој друг дувачки инструмент и наскоро дека ќе стане дел од некој музички бенд.
Кога ќе порасне желба му е да биде професор по музичко образование.
Филип со особено задоволство ги слуша како свират и од нив учи од нашите афирмирани музичари Драган Полизовски,Вајса Арифовска,Стојанче Костовски и други.
Иако доста млад Филип со успех изведува многу песни и ора на мојата гајда, а меѓу нив се и: „Јанино“, „Гајдарско“,„Циганчица“, „Што имала касмет Стамена“, „Кога тргнав, Цвето“, „Играле девојчиња“ и многу други.
Покрај Филип од неговото семејство, и сестричката Сара е музикална, таа има 8 години и сака да научи да свири на виолина.
Наделба Илинден на Филип му посакува успешна музичка кариера!










































