29.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Благоја и Гора

0
Свадбата на Благоја од Кадино и Гора Дончевскаод Илинден  од 1968г.

Зошто невестата фрла бидермаер

0
ЗОШTО НЕВЕСТАТА НA СВАДБАТА ФРЛА БУКЕТ-БИДЕРМАЕР Во Средниот век гостите по венчавањето ги следеле младенците во нивните одаи и се обидувале да скинат парче од...

Фотографија од свадбата на Борче и Гордана-1971

0
*Фотографија испратена од Миле Нацевски,од свадбата на Гордана и Борче во 1971г.  На фотографијата се најбллиските на неветата таткото Благоја, мајката Гена ,сетрата Гунка,чичкото Панче...

Свадба на Боре и Буба-1973

0
Фотографија од свадбата на Боре и Љубинка(Буба)од 1973г.,на истата се и кумот Бранко со сопругата од Кадино ,старосватовите Трајко и Веса, деверот Трипун и...

Свадба на Пане и Летка

0
Слика од свадбата на Пане и Летка Тргачевски-1976г. Го отсликува адетот-обичајот најблиските на младоженците да одат со музика по Старејкото ,во случајов по Бошко...

Свадба на Боре и Велика 1961

0
Фотографија од свадбата на Боре Бејтовски и Велика Пиличковска-1961г.Во позадина на сликата помеѓу денешната ул„66“и пругата ,само една куќа на Ниниќ,другото се обработлива површина,споредете...

Свадба на Славе и Гунка-дарување на гостите

0
Фотографија од свадбата на Славе-Цаљко и Гунка -1969 г.На сликата е опфатен чинот на дарување на гостите 5 „таблии“ полни со дарови и секој...

Свадба на Благоја-Бане и Славка 1950г

0
Фотографија од свадбата на Благоја-Бане и Славка Трајковски, од галабијата Шкодреви - 1950 година.

Свадба на Ѓорѓи Тодоровски-адет бричење на младоженецот

0
Бричење на младоженецот ,адет кој се практикувал на свадбите во минатото. Адетот бричење на младоженецот следувало по капење на младоженецот, обично каде вода поттурувал деверот,Бричењето...

свадба на Симо и Виолета

0
Свадба на Симо и Виолета. од Миладиновци -1966г.Слика на Boban Dimitrov

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ