
Во Kучково на само 15 километри од Скопје, во атарот на селото,постои извор наречен „Миочи“ , за кој се верува дека помага за болни очи,тој е познат за мештаните ,а го посетуваат дури и луѓе од околните држави.
Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.
Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.










































