12.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Ѓорѓи и Душка

0
Фотографија од свадбата на Ѓорѓи-Гоне Душка -1974г., на фотографијата е и Лилка денес Јовчевска ,сестра на Ѓорѓи

Свадба на Лидија Лаовска

0
Фотографија од свадбата на Лидија Лаовска,а на фотографијата многубројни роднини на младите

Тоде и Ѓурѓа

0
Фотографија од свадбата на Тоде и Ѓурѓа Бошковски во 1964 г. на фотографијата е и Мира Ангеловска денес, Данчевска

Свадба на Павлина и Слободан

0
Свадба на Павлина Ѓорѓиевска од родот Пиличковски со Слободан во 60-те години. Покрај нив на фотографијата се и најблиските роднини на младите и други присутни...

Свадба на Марина и Цане

0
Фотографија од свадбата на Марина Николовска од родот Аџиевци од Илинден и Цане Димовски од Марино во 1979 година.

Свадба на Саше и Мирјана

0
Фотографија од свадбата на Саше Радуловиќ од Мршевци и Мирјана Славевска од Илинден во 2000г. На фотографијата се и нивните кумови и најблиските роднини.

Свадба на Круне и Митра-1967

0
Фамилијарна фотографија од семејството на Трајан Блажевски од родот „Панушкови“ направена на свадбата на неговиот син Круне со Митра Здравковска ,која потекнува од родот...

Свадба на Трајанка и Баже-1976

0
Фотографија од свадбата на Трајанка и Баже во 1976 . Трајанка припаѓа на родот „Бушеви“, на фотографијаата покрај младите се и најблиските роднини на невестата...

Свадба на Круне и Митра

0
Фотографија од свадбата на Круне Панушковски и Митра Здравковска во 60-те години од минатиот век. На истата и другарите на Круне Аце Дончевски и...

Свадба на Милевка и Љубиша-1977

0
Фотографија од свадбата на Милевка и Љубиша Петрушевски од родот АНГЕЛОВИ од Бучинци од 1977 година. На фотографијата покрај младоженците се и сестрите и зетовците...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ