12.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Томе и Лена-Марино

0
Свадба на Томе и Лена-Марино Фотографија од свадбата на Томе и Лена од Марино во 60 –те години од минатиот век. Покрај младоженците на фотографијата се...

Свадба во Марино во 70-те

0
Фотогрфијата е направена на една свадба во фамилијата на Саво Вељковиќ, а на истата се и неговиот брат Кице(долгогодишен фудбалер на ФК Илинден) со...

Свадба на Симон и Тодорка-Кадино

0
Фотографијата  направена е на свадбата на Симон и Тодорка  во 1966 година, а на истата се и деверот,родителите на Симон и дедото Тонче.

Свадба на Саше и Марина-Илинден

0
Свадбата на Саше Цветковски кој припаѓа на родот „Аџиевци“ и Марина се одржа на денешен ден 25 Мај 1996 година, покрај младоженците на фотографијата...

Свадба на Боре и Струмка-1971

0
Фотографија од свадбата на Боре и Струмка во 1971година , на истата се и деверот Љубе ,старосватовите Благуна и Санде Пиличковски и свекорот Блажо

Свадба на Летка и Томе

0
Фотографија од свадбата на Летка и Томе од Миладиновци во 1971 година

Регистрација на брак на Томче и Босилка-Илинден во 1965 година

0
Се до 60 -те години од минатиот век склопување на црковниот брак се одвиваше по верски правила кој требаше да се спроведе само во...

Свадба на Благоја и Љубица

0
Фотографија од свадбата на Благоја Тодоровски од Илинден од родот Чанкулови и Љубица Маневска од Студена Бара во 1972 година, на фотографијата се и...

Свадба на Тодор и Цвета-1965

0
Фотографија од свадбата на Тодор и Цвета во 1965 година Тодор потекнува од родот Китинчевци од Кадино, а Цвета е од село Сопот -велешко ,која...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ