| НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА |
Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 км2. . За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.
Масивот има развиен релјеф со големи и длабоки долови и широко планинско било кое во јужниот дел на Галичица е со височина поголема од 2000 м. Од Национален парк Галичица се протегаат мошне убави глетки на Oхридското и Преспанското езеро. Посебно е атрактивна можноста посетителите во исто време да ги набљудуваат двете прекрасни езера.

Животински свет на Галичица:
Национален парк Галичица се карактеризира и со интересен и разновиден животински свет. Истражувањата на крупната фауна упатуваат на постоење на околу 170 видови животни од кои 10 видови се водоземци, 18 видови влекачи, 124 видови птици и 18 видови цицачи.
Растителен свет на Галичица:
Растителниот и животинскиот свет се значајни вредности на националниот парк „Галичица“. На овој простор опстојуваат претставници од најразлични флористични типови.

Растителниот свет во Националиот парк Галичица е претставен со преку 800 видови , од кои голем број реликти и ендеми, чија крајна граница на распространување е токму планината Галичица.
Цркви и манастири:
Од групата цркви, манастири, пештерски цркви, на територијата на паркот регистрирани се следиве споменици: од спомениците од византиски стил со живопис од европско значење е црквата „Св. Богородица Заумска“ од 1361. На црквата се извршени конзерваториски интервенции и е во добра состојба достапна за посетители. Во с. Велестово, црквата „Св. Богородица“ која е од 15 век.









































