Катлановска Бања споменик на природата

0
198

Катлановска бања е природен национален капитал откриен пред неколку века. Уште на познатата Пајтингерова табла (tabula pentingeriana) била забележана патничката поврзаност на некогашен Ниш со Скопје, а понатаму со Стоби. На оваа табла имало знак на бања, тогаш и денес на патот Скопје-Стоби се наоѓа Катлановската бања.
Катлановска бања, уште за време на владеењето на Рим на овие простори имала неповратно значење како лечилиште. Тоа го потврдуваат длабнатините на карпите од просторот, каде течела термална вода и тоа од двете страни на брегот од реката Пчиња, на кои има испишани имиња од некогашната римска аристократија. До катастрофалниот земјотрес од 1963 година, во Катлановска бања беше поставена спомен плоча од 1898 година. Содржината на спомен плочата е: “Спомен за благодeтите што ги дава оваа топла вода. Нека биде непресушна за светот што се развива и гради. Таа тече низ камена уста од Аллаха благословена. Даут Паша изградил базен и неколку згради. Хафз Паша, добродетел, по име Хаф’ з Мухамед, тогашниот по правичност прочуен скопски валија, за време на своето владеење со неуморна деноноќна работа му остави на народот од Скопје и околината неброени дела и оваа бања ја донира од своите лични средства. Јас ги видов тие негови многубројни дела. А кога ја видов и бањата мојот восхит ме натера да ја напишам историската плоча на оваа водена куќа. Пред нас е вистински убав и чист вруток. Нека повелат гостите да ги измие.” (1898 година)
Турскиот амам е изграден во 1859 година и беше користен се до катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година во Скопје.
 Од двете страни на реката Пчиња, кај Катлановската бања постојат бигровити наслаги. Тоа сведочи дека од двете страни на реката Пчиња се наоѓаат минерални извори. Пукнатината која се протега низ Бањскиот Рид, за кој главно се врзани минералните извори, е од тектонско потекло и е во врска со вулканските тектонски појави во Македонија. Длабочината на пукнатината која пресекува големи комплекси земјени слоеви, овозможува постоење на термоминерални извори.

Водите на Катлановска бања лечат: хроничен ревматизам на зглобовите и мускулите, неуралгија, ишијас, рани, костоболки, туберкулоза, анемија, болки настанати од повреди, фрактури, парализи, болести на женските полови органи, импотенција, несоница, камен во бубрегот, неплодност, шеќерна болест, хроничен бронхитис. По земјотресот од 1963 година гости се примаат во новоизградениот хотел на десниот брег од реката Пчиња, до местото каде се уште сведочат остатоците од Турскиот амам.



     



     
Претходниот артикал,На Денешен ден -19 Октомври
Следната статијаБаба Јовка со внуците

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука