Ристиќева палата – паметник на Скопје

0
94

Во дваесетите години на 20 век, под влијание на западната модерна архитектура, градот Скопје почнал да добива белег на модерен град. Се граделе станбени ојекти, обично индивидуални згради. Поголемите од нив ги викале палати.

Во 1926 година, според проектите на архитектот Драгутин Маслаќ, изградена е палатата на аптекарот Владислав Ристиќ, позната како “Ристиќева палата“, сместена на Улица Краља Петра (денес улица “Македонија“), свртена со своето лице кон плоштадот и Камениот Мост. Палатата е еден од најубавите објекти во центарот на градот, со деловни простории во приземјето и станови на катовите. скулптурите над покривниот венец се изработени од Данило Станковиќ. Ристиќевата палата е една од ретките згради во Скопје, која останала неоштетена во катастрофалниот земјотрес на 26 Јули 1963 година.

Во 1929 година, во палатата на аптекарот Ристиќ бил поставен лифт, кој е првиот електричен лифт во Скопје и еден од првите лифтови донесени на Балканот. Лифтот е од марката “STIGLER“, изработен од борово дрво. Носивоста на лифтот е 320 кг. (за 4 лица). Во палатата бил во функција до 2011 година, кога со одлука на станарите е подарен на Музејот на град Скопје.

Подготвила: Ана Вишинова, музејски едукатор

Благодарност до Музеј на град Скопје и до Зоја Богдановска, кустос советник

Претходниот артикал,Панче со дел од своите блиски
Следната статијаСлавица и Љупка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука