KAЊОН МАТКА-МАЛА СВЕТА ГОРА
Кањонот Матка е еден од најживописните кањони во светот, богат со ендемски видови на флора и фауна, а има голем број на пеперутки кои живеат само во овој предел.
Мистичноста на кањонот Матка, таинствениот извор на вода зад кој се кријат голем број пештери го прават кањонот еден од највеличествените региони во Македонија. Во карпите на кањонот домуваат антички храмови, средновековни цркви и манастири. Во турата вклучена е посета на двете страни на кањонот, најзначајните средновековни, историски и религиозни места и сето тоа додека и сето тоа во комбинација со прекрасната природа. Запознајте се со мистичноста на Матка и слушнете за приказните на Крали Марко кој се грижел за безбедноста и духовноста на својот народ, градејќи бројни тврдина и цркви во регионот.
Матка- клисура со богат комплекс од средновековни градби, вклучувајќи цркви, манастири и остатоци од тврдината ( на средновековниот град на Матка ). Постојат десетици пештери и голем број на ендемични растенија и животни. Кањонот зафаќа површина од околу 5000 ha, и се наоѓа на 15 километри југозападно од Скопје.
Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. Водата од езерото се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината.
Покрај големото богатство од богати дабови и букови шуми и ретки животински видови, овој кањон изобилува и со голем број културно-историски споменици, главно манастири, поради што со право ја нарекуваат и мала Света Гора. Матка со својата убавина стана едно од најпознатите места во Скопје, кое случајните минувачи и намерните туристи едноставно не пропуштаат да го посетат и фотографираат.
Убавината на кањонот Матка го одзема здивот. Од која страна и да го погледнете тој е чудесен. И не е воопшто случајно што раното Христијанство (5, 6, 7 век н.е) се ширело токму околу Матка, токму на ова место, барајќи го своето упориште, своето пристаниште. Денес активни се 11 манастири во кањонот и околу кањонот Матка. А податоците добиени од МПЦ – Охридска архиепископија, говорат дека има темели на уште шеесетина разрушени манастири.












































