МАНДАНАТА

0
36

Речиси секој од нас кога ќе го слушнеме зборот МАНДАНАТА, веднаш помислуваме дека станува збор за нашиот славен глумец Петре Прличко.

Но,МАНДАНАТА-всушност е Стефан Мандалов (револуционер)Роден е 1875г.во Стојаково.

Завршил шест оделенија од католичко средно училиште во Зејтинлак во Солун па бил учител во село Богородица и Серменин.

Скоро целата негова фамилија е вклучена во борбата, а тој бил задолжен за чување и

распоредување на оружјето во Стојаково.

Братот на МАНДАНАТА ,Димитар- Мито бил Илинденец и се борел во Крушево.

Синот на Манданата, Стојан роден во 1897г. бил Гевгелиски автономистички војвода и убиен е од Србите во 1933г.

Манданата загинал во Септември 1903г.во борба со турците во село Мишино-Кочанско на свои 26 години.

Последните зборови му биле:”Кажете и на Македонија дека сум ја завршил должноста.

Да живее слободна Македонија.”

Прекарот Манданата го добил по турскиот збор мандана- што значи бивол.

Стефан купил биволи за да ја обработува земјата и по нив го добил прекарот .

Претходниот артикал,Ацо Симоновски со своето 5-а одделение
Следната статијаМал фудбал екипа 6-ти Мај-Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука