ТВРДИНА ИСАРОТ-ШТИП

0
36

Исар  — тврдина Исар во Штип, висока 150 м, се наоѓа врз темелите на античкиот Астибо помеѓу реките Брегалница и Отиња. Ѕидовите се широки 1,3 м. Тврдината се состои од два дела, опкружени со одделни ѕидни појаси. Дворецот или замокот, е поставен на највисокиот дел на ридот. Долг е 106 м., а широк до 20 м. Северниот дел завршувал со триаголна кула.Положбата и височината овозможуваат прегледност на влезот и излезот од градот. Се наоѓал во границите на Самоиловата држава, на почетокот на XIII век под бугарска власт, а веднаш потоа под управата на српскиот владетел Стефан Дечански. Турците го зазеле во 1382 година. По појавата на огненото оружје таа била напуштена, исто како и повеќето тврдини во Македонија.

Тргнувајќи од податокот дека тврдината Исар во Штип е еден од ретките примери каде, легендата станува стварност, со откривањето на легендарниот тунел кој го спомнува Евлија Челебија во своите патеписи, кога во 17 век поминува низ овој крај, опишувајќи како османлиската армија преку тунелот ја освојува тврдината.

Археолози  откриле артефакти  з кои се верува дека на оваа локација дека се наоѓа местото каде се вршело и крунисувањето на пеонските кралеви.Тврдината на Исарот е интересна и по верувањето дека во минатото, постоеле четири цркви , кои формираат замислен крст.  

На Младенци на тврдината се обавува народниот обичај,  „Четрсе“ попатно граѓаните собираа по 40 каменчиња од кои 39 ги фрлаа кон реката Брегалница, а четириесеттото си го носе дома. Според народното верување, каменчето кое се носи дома се става под перница, а личноста која таа ноќ ќе ја сонувате ќе ви стане брачен другар. Разбирливо, тоа важи само за слободните, односно за девојките и момчињата. Целата оваа манифестација е во рамките на прастариот народен обичај  „Четрсе“, кој од 2014 година е под заштита на УНЕСКО како нематеријално културно богаство од светско значење.

Претходниот артикал,Мушмула
Следната статијаЗошто палиме свеќа и што значи тоа?

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука