Мушмулите се листопадни растенија во облик на големи грмушки или мали дрва кои растат до 8 м во височина.
Ова овошје го имаме во изобилствои малку се познати неговите вредности,истото е малку искористено , а истото е многу корисно.

–Витамини
Освен витамин А поткаснувањето мушмули, ви доставуваме на организмот калиум, витамини од групата Б, како фолна киселина, витамин Б6 и ниацин. Плодовите содржат и витамин Ц, кој е моќен антиоксидант.
Од друга страна калиумот е важна компонента за клетките и контролата на телесните течности, на тој начин се контролираат вредностите на крвниот притисок и се намалува ризикот од срцеви проблеми.
– минерали
Мушмулите ги содржат едни од најважните за здравјето минерали, како магнезиум, железо, бакар, калциум и манган. Магнезиумот учествува во синтезата на антиоксидантни ензими, бакарот и железото ни се потребни за синтеза на црвени крвни зрнца.
Калциумот и манганот се клучни за одржување на една здрав коскен систем, но и се важни за здравјето на срцето.
– здравствени придобивки
Мушмулите ја прочистуваат крвта и ги зајакнуваат крвните садови.
Ја подобруваат функцијата на жолчката, бубрезите и црниот дроб.
Мушмулите го стимулираат растот кај децата.
Го смируваат нервниот систем.
Мушмулите го подобруваат варењето и стимулираат согорувањето на маснотиите.
Во народната медицина велат дека мушмулата е овошје кое го потикнува метаболизмот. Го подобрува работењето на црниот дроб, ги зацврстува бубрезите, ја подобрува општата крвна слика и ги намалува болките во зглобовите и грбот.








































