-Денес на трети Септември 2024 година во употреба пуштен делот од доградбата на детската градинка „Гоце Делчев“
На свеченоста присуствуваа премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, пратеници, советници и други.
Во овој дел согласно потребите на градинката, ќе бидат сместени најмалите дечиња, односно јаслените групи, но со можност во иднина тука да се згрижуваат дечиња од сите возрасти, односно до 6 годишна возраст. Па така овој објект во даден момент ќе може да згрижува и до 60-тина дечиња.
Со пуштањето во употреба на ова крило моментално, комплетно се решава проблемот со згрижување на деца во градинка на територија на Општина Илинден, Изградбата на објектот траеше околу 9 месеци со средства комплетно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден и дополнително, опрема која треба да ја обезбеди Министерството за социјална политика, демографија и млади. Објектот е околу 300м² бруто површина, се состои од 2 затворени и две отворени занимални (тераси), посебен влез со хол, тријажа и чајна кујна.