НА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 МАЈ

0
82

-4 мај 1903 година убиен е најголемиот револуционер и македонски национален херој, Гоце Делчев. Тој бил идеолог и организатор на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, неприкосновен авторитет, раководител на оружените сили и бескомпромисен борец за самостојна македонска држава. Георги Николов Делчев е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879–1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село. Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Убиен е од заседа на 4 мај 1903 година во селото Баница од страна на турската војска. Неговите посмртни останки се чувале во Баница, во Ксанти, па во Софија. До 1923 година ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Конечно, на 11 октомври 1946 година, со посредство на Илинденската организација, останките биле пренесени во црквата Свети Спас во Скопје, согласно личната желба на Гоце да почива во слободна Македонија

– 4 мај 1903,  во  Баница, загинал Димитар Гуштанов (роден во 1876, Крушево, Серско) македонски револуционер, војвода на ВМОРО.    Загинал на 4 мај 1903 година, заедно со Гоце Делчев во борба со турски аскер во селото Баница, Серско. Во битката загинуваат неговите комити: Стефан Духов од село Трлис, Стојан Захариев од село Баница и Димитар Паљанков од село Горно Броди, а Георги Савеклиев е тешко ранет и е заробен од турците. Гоце Делчев и Димитар Гуштанов се закопани во ист гроб.Во 1898 година е учител во град Кочани. Во 1899 година е назначен од егзархијата за главен учител на класното училиште во Петрич. Таа должност ја има до 1901 година. Уште во 1899 година влегува во ВМОРО и е избран за околиски раководител во градот. Под негово раководство во многу села во Петричко се создадаваат комитети на организацијата.

– 4 мај 1912 година во Дреновската Клисура убиен е Пере Тошев по предавство што го извршил турчинот Дељо од с. Дреново во заседа што ја организирале турските полициски сили. Пере Тоше, еден од најзначајните раководители и дејци на македонското револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Роден е во Прилеп во 1865 г. во имотно семејство. По мајка потекнува од с. Ваташа и честопати го посетува ова тиквешко село. Тошеви имаат голем имот во “Житолуб“ близу с. Фариш, што било уште една причина да често престојува во Тиквешијата. Бугарскиот писател Антон Страшимиров за Пере Тошев ќе рече: “Пере Тошев беше совеста на македонското револуционрно движење“, поставувајќи го веднаш по Гоце Делчев и Даме Груев. Поради својата револуционерна дејност бил честопати апсен и затворан, последен пат во Пoдрум Кале во 1901-1902 година. Учествува на скоро сите конгреси на ТМОРО, а на Рилскиот конгрес поднел Проект-правилник од 216 члена. По смртта Пере бил погребан во црквата во село Фариш, а во 1996 г. неговите посмртни останки се пренесени во Прилеп.

-4 мај 1980.- Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, доживотен претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.  Бил водач на Народно-ослободителната антифашистичка војна на Југославија (1941-1945), претседател на Федеративна Југославија, почесен член на МАНУ. Пред Првата светска војна бил металски работник. Учествувал во Првата светска војна и бил заробен на фронтот во Русија. Во 1920 г. се вратил во Загреб, каде што се вклучил во работничкото и комунистичкото движење.  Го раководел отпорот против фашистичките сили. Како командант на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во летото на 1941 г. го организирал создавањето на Народноослободителната војска на Југославија.  По прогласувањето на ФНРЈ (29 ноември 1945) бил избран за претседател на Владата на ФНРЈ. Имал силно влијание во донесувањето на Првиот устав на ФНРЈ (по примерот на советскиот), со кој се централизира власта во Федерацијата. Напоредно со премиерската, ја вршел и функцијата генерален секретар на КПЈ и неколку други функции, воспоставил силна лична власт и создал култ на својата личност. По уставните промени во 1953 г. првпат бил избран за Претседател на Југославија. Во 1961 г. по негова заслуга во Белград се одржала првата Конференција на неврзаните земји, создавајќи го т.н. Движење на неврзаните земји со водечка улога на Југославија. Во периодот од шеесеттите години, па до пред неговата смрт бил трипати прогласуван за народен херој на Југославија. Во 1974 г. бил избран за претседател на СФРЈ без ограничување на мандатот. Бил избран за почесен член на МАНУ. Починал во Клиничкиот центар во Љубљана, а погребан бил во Белград.

-4 мај 1930 година во Битола, роден е фудбалската  легендата Миљaн Миљаниќ,во Битола тој го помина и своето детство, пред да се пресели во Србија каде што ја започнува фудбалската кариера.Како фудбалер не се истакна, но неговата тренеска кариера е онаа која му донесе голема слава. Миљаниќ беше трофеен предводник на Црвена Звезда, но и човек кој му донесе титули на Реал Мадрид во 1975 и 1976 година, како и трофеј во Купот на Кралот. „Чича“ Миљаниќ седна и на кормилото на Валенсија на крајот од тренерската кариера,Битолчанецот во три наврати беше селектор на Југославија, но и претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија. Почина во Белград на 82-годишна возраст на 13 јануари 2012 година, како последица на Алцхајмеровата болест со која подолго време се борел.Миљаниќ беше миленик на сите фудбалски вљубеници, а неизмерно ја сакаше Македонија. На неговиот погреб во Белград дојдоа претставници од целиот свет, видни авторитети од поранешните клубови, национални федерации, а „Чича“ не ја заборави нашата земја и кога заминуваше на оној свет. На неговиот погреб побара да се интонира легендарната „Битола, мој роден крај“, во чест на родниот град и „Македонско девојче“, неговата омилена песна. Додека се интонираа македонските песни, легендата ја испратија Џајиќ, Амансио, Бутрагењо, Пижон Петровиќ, Осим, Сушиќ, Бајевиќ…

 -4 мај 1987 година беа пуштени во употреба три Наплатни Станици на територијата на нашата земја. Денеска одбележуваме 33 години од постоењето на Наплатната Служба, која во моментов во нашата земја е синоним на модерна, електронска и современа наплата на патарина.

-4 мај 2001.- Во Скопје на 78-годишна возраст умре Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни. Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци. Меѓу многубројните антологиски хитови и денес препознатливи се „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Излегол Невен Пејо“, „Сестра моли брата за вечера“, „Судбо моја судбино“, „Сношти појдов мила мамо“, „Кој што ме чуе да пеам“, „И ние сме деца на мајката земја“, „Четворица комити“, „Кога падна на Пирина“, „Излегол Јане Сандански“, „Таму далеку на Балканот“, „Заплакало е Мариово“, „Не плачи мајко, не жалај“, „Кога се мажеше што ти се чинеше“, „Врати се мило либе“, „Земјо Македонска“… Родена е во Скопје, на 21 декември 1927 година.Васка Илиева пеејќи ги Македонските народни песни, ги помина скоро сите страни на светот.

-4 мај 1979.– Во Скопје умре Бранко Заревски, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Битола, на 19 ноември 1920 година.

-4 мај 1993.- Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација – специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

-4 мај 1999.- Во Охрид умре Трајан Мартиновски, македонски посет и есеист. Првата книга поезија што ја објави во 1982 година е “Премолчено време”, а последниот негов труд, објавен во 1999 година, е “Златен венец на спомените”. Роден е во селото Нерези, струшко, на 19 февруари 1951 година.

Претходниот артикал,Учителката Јана со своето одд.
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-5 МАЈ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука