Македонски продуцент меѓу најдобрите 100 на „Битпорт“
Стефан Додевски (Stephan Dodevsky) е еден од најталентираните продуценти на елетронска музика во Македонија. Неговото последно издание за италијанската издавачка куќа „Тотал фридам рекордингс“ (Total Freedom Recordings), кое е насловено „No Limits“, се најде меѓу најдобрите 100 на листата „Електро-хаус“ на „Битпорт“ (Beatport). Ова не е прв успех на нашиот продуцент, чие издание „Nasty“ на почетокот на годинава го достигна високото 18. место на листата од стоте најдобри на оваа платформа.
Уникатниот и квалитетен стил на музика беше забележан и поддржан од голем број на интернационални диџеи и радија низ целиот свет. Според официјалната листа на tracklist1001.com, изданијата на Стефан во 2018 година беа дел од вкупно 40 различни сетови или уникатна поддршка од 26 различни диџеи, меѓу кои се наоѓаат и светски познатите Ив Ви (Yves V), Туџамо (TUJAMO), Дени Авила (Danny Avila), Жоаким Гаро (Joachim Garraud) и други.
Исто така, неговото последно издание во два наврати се најде на плејлистата на националното италијанско радио „M2O“, кое во просек го слушаат на 2 милиони луѓе дневно, додека едно од претходните изданија на Стефан, кое е насловено „Rockstar“,веќе брои над 100.000 прегледи на Јутјуб.
Следете го Стефан на: Фејсбук, Саундклауд и Инстаграм.










































